Комплетниот состав на шведската влада е на безбедно, а институциите се затворени, соопштува официјален Стокхолм.
Се известува дека безбедно е и Шведското кралско семејство .
Шведскиот крал Карл Густав XVI во кусата изјава посочува дека Шведското кралско семејство изразува големо разочарување и изразува сочувство до семејствата на настраданите и повредените.
-Ние ги следиме развојот на настаните, но од сега нашите мисли се со жртвите и нивните семејства- посочува кралот Карл Густав XVI.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделуваат видео снимки од инцидентот. Забележливо е големо присуство на деца на улиците и околината во моментот кога се извршува овој терористички чин.
До кралското семејство, властите и до шведските граѓани стигнуваат и првите меѓународни пораки со сочувство и поддршка.
Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел изјави дека германската влада „во мислите е се со луѓето во Стокхолм, со повредените, роднините, првите спасувачи и полицијата кои пристигнаа на местото на нападот”.
Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до монархот на Шведска во која се наведува дека „Русите тагуваат заедно со луѓето од Шведска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.