Шведските безбедносни сили по терористичкиот напад со камион во Стокхолм, објавија дека сличен напад бил спречен претходно оваа недела.
Шефот на тајната полиција САПО Андрес Торнгрен рече дека тие се подговени за сличен инцидент. САПО сега се фокусира на работата на разузнавањето за да се открие кој стои зад нападот.
САПО во својот годишен извештај објавен неодамна ги посочува терористичките напади од страна на „осамени волци“ како главна закани за Шведска. Во него САПО оценува дека борбата со безбедносните ризици е „поголема и покомпликувана од кога било до сега“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.