Постојат луѓе кои можат да спијат само неколку часа и да функционираат многу подобро отколку кога би спиеле како секој просечен човек, односно кога би ја исполниле квотата од 8 часа сон.
Една од нив беше Маргарет Тачер, а исто така и Џек Дорси, еден од основачите на Твитер. -Не спијам многу, но доволно ми е – изјавил во една прилика.
Научниците велат дека за ова се залужни нашите гени. По истражувањата, односно набљудувањата на одредена група на луѓе на кои им е доволно само неколку часа сон за совршено да функционираат, дошле до заклучок дека сите имаат нешто заедничко, а тоа е генот ДЕЦ2.
Тие имаат многу енергија иако не спиеле воопшто или само два-три часа”, изјавил еден од научниците, кој учествувал во ова истражување. -Моите денови се подолги од оние кои ги имаат другите – изјавила една жена од групата испитаници.
Овој ген е реткост. Го има само 1 отсто од светската популација.
Недостатокот од сон може да има катастрофални последици врз нашето здравје, започнувајќи со имунитетот, кој страшно би паднал доколку сме константно ненаспани. Неспиењето е еден од најголемите стресови со кои организмот мора да се справува. Организмот брзо старее, а стресот е причина за многу болести, меѓу кои и тумори. На возрасна личност и’ се потребни минимум 7 часа сон.
Помеѓу останатите успешни луѓе кои речиси и да не спијат се и Мариса Мејер, ЦЕО на Јаху, Барак Обама, Индра Ноји, ЦЕО на Пепси, Серџио Марчионе, ЦЕО на Фиат, Том Форд, Доналд Трамп, Бил Клинтон, a тука спаѓаат и Томас Едисон, Бенџамин Френклин, Никола Тесла..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.