| четврток, 6 декември 2018 |

Ф1 трката за ГН на Кина пред откажување, временските услови не дозволуваат да се одржи?!

dozd kina

Тренинзите во пресрет на трката за Големата награда на Кина кои требаа да се одржат рано наутро по средноевропско време беа откажани поради лоши временски услови.

Временската прогноза е идентична и за в недела, додека сабота е единствен ден во кој метеоролозите очекуваат нормални временски околности. Правилата на ФИА сугерираат дека медицинскиот хеликоптер мора во рок од 20 минути да биде во можност да одлета од патеката до болницата, која во случајов е оддалечена на 38 километри, па поради сето ова трката е доведена во опасност.

Претставници на Ф1 екипите ќе разговараат вечерва во Шангај дали ќе прифатат трката да се вози во сабота, или сепак ќе сочекаат истата да добие шанса да се организира во недела. Постои болница што е оддалечена 5 километри од автодромот, но организаторите ќе мора да го стопираат целиот друг сообраќај поради лошите околни патишта. За да се усвои одлука за поместување, ќе мора за тоа да се изјаснат едногласно сите учесници.

Само седум дена по оваа трка треба да се вози Големата награда на Бахреин, поради што не постои можност трката да биде поместена за понеделник, бидејќи транспортно-логистичките предизвици за тоа се преголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top