Во скандалозна приказна се претвори разводот на поранешната спајсица, Мел Би и нејзиниот сопруг Стефан Белафонте. Медиумите откриваат многу детали за нивниот приватен живот, откако Мел Би се реши на суд да ја каже целата вистина за нејзината преживеана голгота во бракот со Стефан.
Таблоидите ги објавија фотографиите од дадилката која што останала бремена од Белафонте. Според првичните информации згодната русокоса абортирала во замена за 300 илјади долари. Лорејн Гилс имала секс со сопругот на Мел Би во текот на 7-те години додека работела за семејството. Пејачката знаела за аферата, но не можела да собере храброст за да ја отпушти дадилката, со оглед на насилните испадни кои ги имал Белафонте.
-Ме деградираше пред неа така што ме споредуваше со неа и ми велеше дека таа е помлада и изгледа поубаво. Подоцна дознав дека имаат секс и дека и дава огромна сума пари. Пред некое време дознав дека и дал 300 илјади за „бебистерски услуги“.
Сепак, најголемиот шок го доживеала во 2014-та кога дознала дека 26-годишната дадилка е бремена.
-Ми рече дека сака таа да го роди детето и сите тројца да живееме заедно. Бев во шок и неверување, раскажува Мел Би.
По некое време Белафонте го смени мислењето и Лорејн абортирала, процедура што била платена од парите на Мел Би. Кога Мел конечно сакала да ја отпушти Гилс, тоа мошне го разлутило нејзиниот сопруг.
-Дали сфаќаш дека Лорејн може да биде сведок против тебе и да ја раскаже приказната на медиумите како и на социјалните служби. Твојата кариера ќе биде уништена. Овие зборови беа само едни во низата закани кои ми ги упатуваше, вели пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст