| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид подготвува братска пресметка во „Ел класико“?!

tiago alkantara

Европскиот првак Реал Мадрид тргна во офанзива за поранешниот фудбалер на Барселона, Тијаго Алкантара, кој сега го носи дресот на германскиот шампион Баерн Минхен. Ова е можеби и само најава во пресрет на големиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите меѓу овие два тима, но секако предизвика големо внимание во шпанската и во европската фудбалска јавност.

Тијаго Алкантара го напушти „Камп Ноу“ во периодот кога Пеп Гвардиола го презеде Баерн Минхен, а имаше најави дека повторно би можел да му се придружи и во англискиот премиерлигаш Манчестер сити. „Кралевите“, според информациите од Шпанија, се подготвени да платат 45 милиони евра за да го доведат Тијаго Алкантара на „Сантијаго Бернабеу“.

Ако се реализира овој трансфер, тогаш следната година во неколкуте пресметки со лутиот ривал Барселона може да се види дуел меѓу двајца браќа бидејќи две години помалиот Рафиња го носи дресот на каталонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top