| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден на здравјето

По повод светскиот ден на здравјето, 7 април, што годинава е посветен на депресијата, македонското лекарско друштво организира свечен собир, а ЈЗУ здравствен дом на Скопје ќе постави пункт на плоштад Македонија за информирање на граѓаните за помош при депресија.

На собирот ќе биде претставен пригоден реферат на тема „Депресија – ајде да разговараме“, како што гласи и годишното мото на светската здравствена организација за светскиот ден на здравјето.

На пунктот, пак, граѓаните ќе можат да зборуваат со здравствени работници и да се информираат за причините и можните последици од депресијата, како да ги препознаат симптомите и каде можат да побараат помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top