Триесет и едногодишната Андреа Кристи, која падна во реката Темза за време на терористичкиот напад на мостот Вестминистер во Лондон, беше исклучена од апаратите кои ја одржуваа во живот.
Кристи, која е Романка, во Лондон дошла за да го прослави роденденот на нејзиното момче Андреј Бурназ.
На кобниот 22 март, кога напаѓачот со автомобил косеше луѓе по мостот, Бурназ планирал изненадување за својата девојка. Неговиот план бил да ја запроси токму таа вечер.
Кристи со недели се бореше за живот во лондонската болница, но вчера беше исклучена од апаратите.
Таа е петтата жртва во терористичкиот напад во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.