Педесет и девет ракети „Томахавк“ се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.
– Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за ПВО и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика „сите цивилизирани држави“ да се приклучат кон САД за да се стави крај на крвопролевањата во Сирија.
Тој даде куса изјава откако од два американски воени брода во Средоземното Море беа испукани 59 ракети врз сириска база на ВВС.
Според Трамп, нападот врз базата, од каде на 4 април сириската авијација извршила хемиски напад врз цивили во провинцијата Идлиб, е „исклучително важен за националните интереси на САД“.
Тој додаде дека сирискиот режим поседува забранети хемиски оружја и дека САД треба да спречи нивно ширење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД