Во Неготино вечерва се одржа 39. мирен протестен марш на иницијативата „За подобра Македонија“. Пред присутните се обрати Олгица Димитрова, професор по македонски јазик и литература. Таа повтори дека кажуваат гласно „не” за наметнатата, како што рече, големоалбанска платформа.
– Мило ми е што сме упорни во својата намера и нема да отстапиме зашто се работи за иднината на нашите деца и за нашата држава – нагласи Димитрова.
„За заедничка Македонија“, рече, е за заедничка иднина на сите Македонци и идните поколенија.
– Чест и огромно задоволство ми е што сум со вас под ова знаме и нема да го дадеме по втор пат никој да ни го менува, а црвената и жолтата боја не ја даваме, додаде професорката и јавно праша дали некоја европска држава дозволува во внатрешните работи да се мешаат соседите, амбасадори, приватни организации.
Тоа е, оцени, Европа со двојни стандарди, но ние сепак сме за Европа во која сите сме исти, рамноправни.
– Да застанеме во заштита на унитарна, независна и самостојна Македонија. Да го поздравиме претседателот Ѓорге Иванов кој постапи чесно, домаќински и македонски во одбрана на нашата држава. Народот овде, во секој град, во цела Македонија е на нозе, во одбрана на својата единствена држава – нагласи Димитрова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст