| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани порачаа: Нема да дозволиме претседател на Собранието кој нема да ја отфрли Тиранската платформа

Граѓаните на Гевгелија вечерва повторно дадоа масовна поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која веќе 39 дена протестира ширум земјата против Тиранската платформа.

Гевгеличани порачаа дека нема да дозволат насилно преземање на Собранието и поставување претседател на Собранието кој не ја осудил и отфрлил Тиранската платформа.

Освен во Гевгелија, вечерва протести се одржаа и во над 40 градови и населени места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top