По најавата за новата линија на телевизори на Светскиотсаем за потрошувачка електроника – CES во Јануари оваа година, новаталинија на BRAVIA HDTV телевизори за 2013 сега е достапнa и на македонскиот пазар. Новата W серија на LED телевизори од Sony е создадена за корисниците кои се во потрага по забава во висока дефиниција, понудувајќи им уникатна комбинација на иновативни технологии и содржини од Sony, со исклучително живописен квалитет на сликата и извонредно аудио.
Поинтелегентни од било кој претходен модел, новите BRAVIA телевизори доаѓаат во пакет со Sony Xperia мобилен телефон. Започнувајќи од 1 јуни до 14 јули, W8 серијата со 47 и 55-инчен екран и W9 серијата со 46 и 55-инчен екран ќе бидат достапни во промотивна понуда „совршен пар“, при што со секој купен BRAVIA W8 или BRAVIA W9 следува Xperia L или Xperia Z кој ќе им овозможи на корисниците целосно да ја почуствуваат моќта на технологијата во најновите телевизори од Sony. Се што треба корисникот да направи е да го допре Xperia паметниот телефон во кој има вградено NFC технологија до далечинскиот управувач и со еден допир ќе воспостави безжична врска, пресликувајќи го телефонот на големиот BRAVIA екран за да може да ужива во најразлична содржина како фотографии, видеа, игри и апликации. Со пристап до интернет прелистувач и омилените апликации на интернет како Јутјуб, Твитер, Скајп и Фејсбук, Sony Entertainment Network ги трансформира овие телевизори во неверојатна дигитална забава.
Како новина за 2013 година, W9 серијата има TRILUMINOS екран со LED задно осветлување кое овозможува целосно прикажување на природни и реални нијанси на боите како што се црвената, сината и зелената кои тешко се репродуцираат. Интеграцијата на технологијата квантна точка1 со уникатните технологии на Sony им дава на телевизорите од W9 серијата значително поширок опсег на боја за многу поприродно и поживописно доживување, со зголемено чувство на длабочина од било кој друг модел. Телевизорите од W9 серијата исто така имаат вградено уникатен звучник со долг канал од 1,2 метри поставен во компактна единица скриена позади ТВ екранот. Иако скриен, ново-дизајнираниот звучник репродуцира силен
бас и понизок среден опсег на звуци, додавајќи им дополнителен удар и длабочина на акционите филмови, музика и дијалозите.
Сите модели од W серијата ја следат новата “sense of quartz” насока на дизајн на телевизори од Sony со класични геометриски форми во хармоничен баланс со монолитен кварц кои им даваат безвременска елеганција. Тие се обединети со интелигентно јадро кое одговара на командите со мек отсјај на бојата веднаш под логото на Sony во рамките на телевизорот. Покрај тоа што имаат Wi-Fi и технологија за пресликување со еден допир, сите телевизори во W-серијата ги користат реномираните Sony X-Reality PRO процесори на слика кои обезбедуваат приказ на невидени детали и неверојатна боја без оглед на изворот на содржина. Оваа серија исто така вклучува и Motionflow XR за порамно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст