| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Крива Паланка порачаа: НЕ за двојазичност, промена на химна, знаме и државниот грб!

По обидот на СДСМ на сила да се завземе претседавачкото место во Собранието, вечерва во масовен број граѓаните на Крива Паланка излегоа да ја дадат својата поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Граѓани на Крива Паланка вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Тие јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб. Македонија е една и една нема да дозволат бинационална држава или пак насилно завземање на претседавачкото место во Собранието.

Освен во Берово, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top