| четврток, 6 декември 2018 |

Ристевски: Сите сакаме да живееме во унитатна заедничка држава без да наметнува никој ништо

-Нашите причини 39 дена се верувам исти, сите сакаме да живееме во унитатна заедничка држава без да наметнува никој ништо, не можам да ги разберам сите оние кои што ја љубат полиглотијата за да згазнат врз достоинството на Македонија, рече докторот Милан Ристевски.

Секоја чест на оние кои ги граделе како личност, мене ми е неразбирливо да некој толку многу да сака да го силува македонскиот народ освен неговата лична потреба да задоволи некои сценарија. Не ми е гајле дали тоа е платформа од Платформа или од Вашингтон или од некое село, таа е антимакедонска и ништо повеќе. Две работи мора јасно да ги кажеме за кои не обвинуваат, едната дека не сме собрани тука за да браниме некои личности како што сакаат да спинуваат, баш напротив само едно покажуваме дека сме достоинствени и дека имаме образ и дека нема да дозволиме без разлика какво е сценариото, ова е наша земја ние овде диктираме, истакна Ристевски.

Тој ги замоли сите во наредните денови да отворат дијалог со сите наши пријатели, комшии, во влез, канцеларии, секаде, дијалогот е нешто што ни е најпотребно по последните избори од каде излеговме како најподелен народ од било кога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top