Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, имал тајна средба со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, завчера попладне, пишува „Нетпрес“.
Извори на порталот велат дека средбата се случила во седиштето на СДСМ во 17 часот во вторникот. Бејли дошол со своето службено возило, опкружен од телохранители, а придружуван од уште неколку лица од Амабсадата на САД.
Нема официјална информација за што се разговарало на средбата. СДСМ засега молчи, за разлика од пред неколку месеци кога Зоран Заев не се појави на судско рочиште во кое е обвинет, со оправдување дека имал средба со италијанскиот амбасадор во Скопје.
Оваа информација експресно брзо беше демантирана и тоа лично од италијанскиот амбасадор. Потоа, пак, излезе дека Заев всушност имал средба со некое лице, македонски државјанин што се водел како надворешен соработник во амбасадата.
Сепак, според досегашните чекори што ги презема, очигледно е дека СДСМ оди на сценарио за извршување државен удар во Македонија. Ова може да се заклучи и од најавите на СДСМ и на неговите членови за насилно завземање на претседателското место во Собранието, како и подготвеноста и одлуката на оваа партија, заедно со ДУИ и со Зијадин Села, да направат влада, која ќе ја спроведе т.н. тиранска платформа.
Какви ли сценарио овој пат подготвил Џес Бејли за Македонија заедно со Зоран Заев, останува да видиме.
СДСМ и Зоран Заев претходно со полна уста се фалеа во јавноста за секакви средби со разни вработени по амбасадите во Македониија, а сега е нејасно зошто молчат за средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли во вторникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.