| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Имаме народ што е загрижен за иднината на оваа држава

gjorcev-640x363

Имате прилично лоша процена, која е штетна за Македонија. Лошата процена е дали Република Македонија на секои 10 -15 години може да поднесува нов и нов Рамковен договор, нови и ново редефинирање и кон што може сетоа тоа да нè однесе, нагласи денес на Собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Тој нагласи дека целата ситуација оди во насока што не е добра за Македонија со сите редефинирања и отварање на крупни прашања за Македонија.

– Имаме народ што е загрижен за иднината на оваа држава. Дури да се избере претседателот на Собранието и на Владата ако нешто не испорачате за месец, два или три тогаш ќе ви речат ќе ја напуштиме Владата ќе влеземе во нова криза, значи кризата ќе се рециклира од една во друга. Затоа што тогаш дури и да бидете во Владата барањата кои што ќе ги добивате да ги испорачате ќе бидат секоја недела, а заканата ќе биде рушење на владата – рече Ѓорчев.

Тој на крајот истакна дека кризата требаше да се реши многу порано, за да не дојде во државата и до етничка криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top