Зоран Заев и врхушката на социјалдемократите ги излажаа гласачите со тоа што пред нив на избори излегоа со препишана програма и кампања од Србија, залагајќи се за наводна поевтина цена на струјата, плата од 30.000 денари и канализација во скопско Арачиново. Изворна партиска изборна програма и не им беше потребна бидејќи е јасно како ден дека знаеле оти по изборите ќе ги чека платформа за воведување бинационална, двојазична, федерална држава. Тоа што неубедливо посочуваше Заев дека се залага само за „солфеж на албански“, многумина го сметаа за политички трик својствен на некогаш моќниот СДСМ.
Но, Зоран Заев и социјалдемократската врхушка не ги излажаа само со програмата, туку и со изборните листи. „Република“ уште по одложувањето на јунскиот термин за избори предупреди дека Заев и Шекеринска, под закрила на „коалиција со граѓаните“, отстапуваат пет сигурни пратенички места за Соросовата армија. И тоа се случи, а како што се одвива ситуацијата, веројатно, ќе дојде и до вистинскиот проблем. Не за социјалдемократската врхушка, туку за државата.
Гласајќи за изборната листа на СДСМ, граѓаните беа доведени во заблуда дека гласаат за листа што ќе ги застапува политиките наведени во програмата. Но, всушност , со нивниот глас за СДСМ на политичката сцена во Собранието дадоа моќ на Соросовите антидржавни политики.
Независна Соросова пратеничка група
Одамна се посочуваше дека Соросовата фондација ја презеде СДСМ и дека Заев ќе мора да ја отстапи партијата водејќи ја нивната политичка агенда. Не случајно во Собранието како независни пратеници се заведени петтемина што влегоа на пратеничките листи на СДСМ, но сега не се дел од нивната група, односно коалиција. Не е случајно ниту тоа што до затворањето на овој број на „Република“, иако Собранието функционира подолго време, освен движењето „Беса“, ниедна друга пратеничка група не поднела барање за формирање своја пратеничка група.
Доколку Заев отстапи од политичката агенда на Соросовата фондација, тој ризикува од него да се одвојат и петтемина што сами ќе претставуваат пратеничка група која ќе може да наметнува своја агенда во Собранието. Една од болните точки на Соросовата армија за време на исценираната долгогодишна криза беше тоа што не успеа, и по сите притисоци и насилства, да се наметне како фактор во политичките процеси. Дури и при кулминацијата на секојдневните девастирачки протести, не успеаја да се наметнат како фактор во политичките преговори познати како пржински процес. Со нивното вметнување на изборните листи, а потоа и избор за пратеници во Собранието, Заев им обезбеди учество во донесувањето на политичките одлуки во државата, какви што Соросовата армија до скоро можеше само да сонува. Но, Заев не само што им овозможи во иднина да се наметнат како фактор во донесувањето на круцијалните политички одлуки, туку и им овозможи натамошното разнебитување на државата да можат да го спроведуваат на трошок на граѓаните преку државниот буџет.
Прашање на време е кога овие избраници од таканаречената „коалиција со граѓаните“ ќе се одметне доколку Заев и социјалдемократската врхушка отстапат само милиметар од разиграниот тирански план и Соросовата агенда за преземање на државата. Дотолку повеќе што, по повлекувањето на „бланко–поддршката“ од Беса, мнозинството на Заев виси на конец на желбата и уцената на петчлената Соросова група.
Воопшто не е наивно тоа што додека сите „изворни“ социјалдемократи, вклучително и Заев, молчат за сите прашања поврзани со тиранската платформа, токму од устата на пратеникот од Соросовиот калифат беше кажано дека едвај чека „да ја плати цената“ за коалицирањето со ДУИ. Тоа е јасна порака упатена не до тие што очекуваат одговор од Заев, туку порака која значи предупредување до Заев дека не смее да се оддалечи ниту милиметар од тоа за што е седнат во Собранието. Времето кога беше упатена оваа порака тоа јасно го укажува: во моменти кога Заев и социјалдемократската врхушка се под огромен притисок од сите страни да се откажат од платформата.
А, притисокот воопшто не е мал откако предупредувањата за штетноста од договорот на Заев доаѓа од претседател на државата, од сопартијци, од најбројната политичка група, од улицата, од дијаспората, од меѓународни аналитичари… Притисок кој бара од него не само јавно да се откаже од тиранската платформа, туку и да каже какво законско решение прифатил за јазикот, каква резолуција за осуда на геноцид врз Албанците во Македонија договорил, што е прифатливо за него како замена на државните симболи и химната. И, конечно, што во договорите за наметнатиот спор за името е прифатливо како решение за социјалдемократската врхушка во замена за евроатланските интеграции на Албанците во Македонија?
Изборот на пратеничките листи со вметнатите „независни интелектуалци“ предизвика отворен судир во партијата уште при нивното утврдување, а тој судир е сѐ повидлив. Ако за пошироката јавност „излетувањето“ на Софија Куновска од состанокот и сарказмот на Ивор Мицковски дека „партијата решава кој е независен интелектуалец“ беа чудни и несфатливи, по настапите на Богоевски, Туфегџиќ, но и на Ферид Мухиќ, работата е сѐ појасна.
Токму во насока на државното име, што е една од крајните цели на платформата, Мухиќ неодамна во интервју за регионалната телевизија „Н1“, анализирајќи ја неможноста да опстои граѓанска мултиетничка држава без кантонизација, ја нагласи потребата од промена на уставното име на државата. Македонија, смета тој, носи „определен етнички префикс“, кој „ја фаворизира носечката нација“, па затоа како решение ја посочи Швајцарија, каде што живеат Германци, Французи и Италијанци, но државата „… не се вика ниту Германија, ниту Франција, ниту Италија, се вика Швајцарија и никој не е фаворизиран“. Па, дали е тоа насоката по која се движеле Заев и Села пред изборите токму во Швајцарија?
Заев (си) ги врза рацете
Почетните разочарувања, пред сѐ, кај членството, по лагата со изборните листи на кои беа вметнати членовите на Соросовата петорка, отидоа чекор натаму кога отпосле увидоа дека наметнатите избраници во Собранието дејствуваат независно. Тоа уште повеќе ја крена недовербата не само кон нив, туку и во способноста на Заев и неговиот тим да ја зачува партијата, а не, пак, државата. Дотолку повеќе што партијата, покрај тоа што со прифаќањето на тиранската платформа ја загуби „државотворноста“, дозволи таа да биде отстапена за реализација и туркање на интересите на Соросовата агенда кога ќе е потребно. Додека траат јавните преписки и прозивки меѓу партиското членство и поддржувачите за тоа дали на државата ѝ остана само да се потпира на цврстината на ВМРО-ДПМНЕ за непроменливост на Уставот и унитарниот карактер на државата; се отвора и прашањето како понатаму ќе функционира партијата.
Од друга страна, главните советници на Заев јавно му порачуваат дека ќе ја „загуби поддршката“ бидејќи не покажува доволно големо „пенкало“ за насилно преземање на власта. Или, преведено, тоа значи „или почни насилно сценарио или пушти ги Соросовите играчи да те заменат“. Со тоа, јасно е дека Соросовиот калифат повеќе не сака, или нема време, да биде соиграч на Заев, туку бара комплетно да го исчисти од политичкиот терен. Општо познато е дека најголемиот дел од некогашната „револуционерна“ орда нема високо мислење за лидерот на партијата кој ги внесе во Собранието. Сега, кога се веќе таму, го сметаат за непотребен.
„Република“ пред изборите предупредуваше дека партијата со внес на Соросовиот калифат во своите редови ќе се соочи со расцеп, односно дека членството ќе побара одговорност. Но, прашање и сега е што ќе произлезе од таа внатрешна борба, односно дали од партијата/ коалицијата во Собранието ќе успее да се формира барем една група која ќе се одважи да се грижи за државните и за националните интереси?
А, токму тоа е и најважно, државните и националните интереси, кои и досега беа цел на Соросовата армија. Иако навидум затишана, таа во никој случај не е отповикана; напротив повторно се потхранува од своите финансиери за креирање нови проблеми. Имајќи ги предвид Соросовите ставови за мигрантите, надоаѓањето на новиот бран наскоро ќе го покаже вистинското девастирачко лице на оваа петорка во Собранието.
Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 240. број на неделникот „Република“, 7.4.2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји