| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден работник во млекарата „Здравје Радово“

Вчера околу 14.30 часот во млекарата „Здравје Радово“ во Куманово, Д. С.(29) од Скопје работејќи во погон за производство на млечни производи, по своја волја се качил во товарен лифт натоварен со туби со средства за чистење, при што се скинала сајлата и лифтот паднал од висина од 1.5-2 метри.

Д.С. се здобил со тешки телесни повреди на нозете поради што бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top