-Според најавите на странските тур-оператори, конкретно според најавите на „ТУИ-Холандија“ заклучно со минатиот месец има зголемување од 32 проценти на вкупните резервации за лето 2017 година. „ТУИ-Холандија“ оваа година ќе воведе уште еден чартер лет до Охрид, така што ќе имаме пет лета неделно – најави директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија Лела Крстевска на Скопски саем.
Крстевска истакна дека исплатата на субвенциите за поддршка на трузмот е почната и е во процес, а наредните денови треба да се извршат плаќањата.
Прашана што сакаат најмногу да видат странците во Македонија, Крстевска рече дека тоа зависи од целните групи.
– Странците сакаат да го видат тоа што претежно не можат да го видат во своите земји. Посетата по музеите во Скопје е евидентна од страна на арапските туристи. Руските туристи кои доаѓаат, а очекуваме годинава се повеќе да пристигнуваат, сакаат да ги видат обележјата од христијанството, односно споменици на културата и културно наследство од тој период. Младите најмногу се заинтересирани за авантуристичкиот туризам – рече Крстевска.
Појасни дека мал дел од туристите се субвенционирани, односно странски туристи и тие што ги исполнуваат условите се субвенционирани.
За претстојниот Македонски туристички самит 2017 година што ќе се одржи од 18 до 20 јуни во Скопје, рече дека очекуваат Македонија да ја стави на мапата на светските туристички играчи.
– Првиот ден од самиот е за интернационално менаџирање на кризи во туризмот. Важно е што не ги издвојува само немилите настани, туку и кризните ситуации што можат да настанат во компанија и на глобално ниво и како да се превенираат штетите од тие настани. Во вториот дел од самитот се работи за спојување на Европа и на Азија – рече Крстевска.
Организатор на вториот ден од самитот е Азија пацифик туризам асосиејшн (АPTA), организација шти првпат ќе направи европска конференција во Скопје.
На самиотот ќе учествуваат претставници на туристички организации од регионот, а се очекуваат и приватни стопанственици. Крстевска информира дека организаторите се потрудиле учесниците да ги ослободат од плаќање котизација за присуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод