Резултати од аутопсија покажуваат дека хемиско оружје е употребено во нападот врз сириската провинција Идлиб извршен во вторникот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
– Според резултати од аутопсијата јасно е дека во нападот е употребено хемиско оружје – изјави Боздаг.
Најмалку 86 луѓе загинаа во тој напад врз градот Кан Шајхун во провинцијата Идлиб, во северозападна Сирија. Меѓу загинатите има и 30 деца. Западни држави наведоа дека за нападот се одговорни сириските владини сили, додека армијата на Сирија ги демантира таквите тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.