| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите под контрола на СДСМ се надминаа: Личните ставови на Соросовите лобисти не се официјални ставови на ЕУ, ЕП и на ЕК

СДСМ и Соросовите медиуми претераа со пласирање лажни вести. Личните ставови на тројца европратеници, за кои постојат индиции дека се на платниот список на Сорос, ги генерализираат како општ став на ЕУ.

Ставовите на известувачот за Македонија Иво Вајгл, Тонино Пицула од групата на социјалистите, Јан Борг од Советот на ЕУ или на Невен Мимица, член на Европската комисија, кој доаѓа од Социјалистичакта партија на Хрватска, не се официјални ставови на Европската унија, Европската комисија и Европскиот парламент, туку на лобисти што се поврзуваат со Сорос.
Затоа, манипулација со јавноста и извртување на вистината е да се пишува дека „Европскиот парламент уште еднаш упати остри критики за претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ, поради блокадите на демократските процеси во Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top