Едно лице е повредено во експлозија во градот Ростов на Дон, во јужна Русија, соопштија руските власти.
Експлозијата одекнала во близина на училиште, а повреден е работник што работел на одржување.
Руски медиуми јавуваат дека експлозивната направа експлодирала, кога човек ја подигнал од земја.
В центре Ростова прогремел взрыв: мужчине оторвало руку. Читать: https://t.co/0ABEyO15NU . #Ростов #взрыв pic.twitter.com/S5iuF60bKQ
— Bloknot NEWS Rostov (@BRostov) April 6, 2017
– Маж крена сомнителен објект, кој експлодира. Прстите му беа целосно разнесени, а се здобил и со повреди во стомакот. Тој е префрлен в болница.
ТАСС јави дека бомбата била „маскирана“ како рачна батерија.
Училиштето ја откажа наставата, а областа е евакуирана.
Претходно денеска во два напада на полицијата во градот Астрахан на југот на Русија, убиени се двајца полицајци, а во тешка состоја се уште двајца. Повеќе тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.