| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахими од Беса: Не влегуваме во влада со Заев без официјализација на албанскиот јазик

Пратеникот од Движењето Беса Зеќирија Ибрахими од собраниската говорница пред целата македонска јавност изјави дека БЕСА нема намера да влегува во било каква Влада која што нема да го официјализира албанскиот јазик.

-Движењето Беса нема намера да влезе во било каква влада која што нема да го официјализира албанскиот јазик, изјави Ибрахими.

Очигледно е дека токму тоа е цената која што Зоран Заев ја платил за да ги добие потписите на БЕСА и отткука Заев не може да излезе на говорницата и да каже дека прифатил Република Македонија да стане двојазична со тоа што албанскиот јазик ќе биде втор официјален јазик на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top