| четврток, 6 декември 2018 |

Меј: Најмалку уште пет години ќе продолжи слободниот влез во Велика Британија

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека слободниот влез во Велика Британија за државјаните на ЕУ ќе биде овозможен уште најмалку пет години.

Таа истакна дека Британците треба ги стават под контрола своите граници, но тоа не значи дека на европските граѓани ќе им се забрани слободен влез.

За време на посетата на Саудиска Арабија Меј истакна пред новинарите дека таа преодна фаза по излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе им овозможи на компаниите и владите да добијат време да се адаптираат кон евентуалните нови ограничувања, кои биле договорени во спогодбата за Брегзит.

Весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Меј изјавила оти Велика Британија нема да ја финализира новата трговска спогодба со ЕУ додека не заврши процедурата за Брегзит во 2019 година, со оглед на тоа дека има правни барања како ЕУ да ги води трговските преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top