| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар опишува како умираат луѓе од воениот отров: Tолку ќе се згрчите, што целото тело ќе ви се парализира, па ќе молите за смрт!

Обединетите нации највија истрага за наводите дека имало напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, при што загинаа најмалку 72 луѓе. Сиријците повредени во овој напад говорат за ефектите по големата експлозија.

Двајца Сиријци изјавиле дека по нападот тие не можеле да дишат и оти чувствувале гадење и вртоглавица.

-Моето семејство и јас спиевме за време на нападот. Тој се случи меѓу 6 и 7 часот наутро. Имаше бомбардирање и голема експлозија, вели Ахмед.

Веда Аџеј, која биле повредена за време на нападот, пак, изјавила:

-Бевме погодени од гас. Не можевме да станеме. Чувствував вртоглавица и не можев да дишам“, вели таа.

САД, Велика Британија и Франција доставија вчера до Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција, со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и се повикува за брза и итна истрага.

Сириските власти се должни да им ги достават на истражните комисии плановите за летовите, листите со патници и секоја друга информација за воздушните операции од 4 април, се вели во документот.
Од Дамаск се бара и на меѓународните експерти да им ги предаде имињата на сите лица, кои командуваат со хеликоптери и итно да овозможи пристап до авиобазите, од кои се претпоставува дека се извршени нападите со хемиско оружје.

По повод овој немилосрден напад во Сирија, британскиот новинар Зорно сакајки да допре до јавноста ја опиша состојбата низ која поминуваат жртвите од овој хемиски напад.

-Дали знаете како саринoт убива? Дали знаете што им прави на телота на мажи, жени и деца? Прави да се збрчкаш до смрт. Твоите очи ќе горат како киселина да истурил некој во нив. Вие ќе започнете претерано да лачите плунка, до степен до кој нема да бидете способни да зборувате, а потоа се повраќа насилно и неконтролирано – тогаш се губи контролата на физиолошките функции на мочниот меур и дебелото црево.

Пред да ви го одземе живот, ви го одзема достоинството и вашите последни моменти од животот се болни и страшни за преживување. Грчевите се толку силни што ќе станете парализиран во рок од десет минути – вашиот напад ќе биде доволно силен за да ви ги скрши коските и многу е веројатно дека ќе си одгризете и својот јазик.

Конечно целиот нервен систем ќе откаже, за жал олеснителна околност е кога вашето срце ќе престане да работи или вашите бели дробови ќе изгорат од колабирање. Тоа им се случи на овие луѓе овде, да на овие луѓе во Сирија, го завршува објаснувањето новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top