Британскиот олимпиец Ник Демпси, кој во 2012 година го освои сребрениот медал во сурфање на ветер, ја напушти сопругата Сара Ејтон, која ги жртвуваше своите олимписки соништа за да се грижи за нивните деца, а тој да може слободно да се натпреварува. За резилот да биде поголем, Демпси сега е во врска со девојката што ја замени Сара во британскиот олимписки тим, 25-годишната Хана Милс.
Мора да се истакне и тоа дека Сара Ејтон е многу поуспешна од нејзиниот сопруг. Таа има освоено два олимписки златни медала, и тоа во 2004 година во Атина и во 2008 година во Пекинг, и беше на пат да стане првата Британка што освоилаи три олимписки златни медали едноподруго. Таа, сепак, привремено се откажа од својот сон за да се грижи за децата и за да му биде поддршка на Ник, кој очајно сакаше да го поправи резултатот од Пекинг, кога освои „само“ бронза.
Демпси „само“ малку се подобри бидејќи го освои сребрениот медал, а притоа успеа и да ја изневерува сопругата и нејзината безрезервна поддршка со девојката што ја замени во олимпискиот тим.
Демпси моментно е на удар на јавноста бидејќи, и покрај сѐ, постојано се појавува во јавноста со својата нова девојка Хана Милс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.