| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Богдановски со три од три на „Карпош опен 2017“

karpos open

Македонскиот велемајстор Влатко Богдановски, член на ШК Алкалоид по три партиии има три победи на седмиот по ред меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2017“. Вчера попладне во третото коло тој го совлада рускиот велемајстор Антон Демченко на ефектен начин и потврди дека е во одлична форма.

Италијанецот Зан Томазини ремизираше со неколкукратниот победник на турнирот Кирил Георгиев, во 42-от потег.

15 шахисти се со максимални три бода, а Влатко Богдановски е единствен Македонец меѓу нив. Русинката Александра Горјачкина со 2,5 бода е најдобро рангирана шахистка на турнирот.

Денес од 16.00 часот се играат партиите од четвртото коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top