СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири лица кои на 31-ви минатиот месец се обидоа на плоштадот во Куманово да го симнат државното знаме на Република Македонија и на тоа да го постават државното знаме на Република Албанија.
Министерството за внатрешни работи информира дека кривична пријава е поднесена против Л.К.(21) и 17-годишно лице, двајцата од село Слупчане и две непознати лица, за сторени кривични дела „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.