| четврток, 6 декември 2018 |

Престигнувале автошкола, загинале со „аудито“ излетувајќи од патот

МВР до детали за вчерашната тешка сообраќајка во која загинаа две лица.

Несреќата се случила вчера во 15,10 часот во Скопје на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на крстосницата со ул.„3“ во скопското село’Ржаничино.

До несреќата дошло кога автомобилот „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ш (54) од с.Драчево, го престигнувал возилото „цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на автошкола а управувано од кандидатот за возач С.Г.(24) од Скопје под надзор на возач инструктор С.Р.(48) од Скопје, со возилото излетал од коловозот и удрил во оградата од двор на куќа во селото.

Во незгодата на лице место починале возачот Ш.С. и сопатникот Б.С.(25) од Скопје додека во Градската болница во Скопје се јавил и нивниот сопатник А.С.(21).

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top