| четврток, 6 декември 2018 |

Старлетата потврди, ќе работи во Министерството за финансии

Старлетата Станија, кој има дипломирано на државниот Економскиот факултет во Нови Сад ги потврди шпекулациите дека ќе биде вработена во српското Министерство за финансии. Таа ќе биде советник на Душан Вујовиќ, пишуваат српските портали.

-Станија од мај ќе биде работно ангажирана во Министерството за финансии на Република Србија, врз основа на договор за работа на дело, на задачи поврзани со процесот на преговорите за членство во Европската унија и користењето на средствата за помош за развој на ЕУ. Министерствотот имаше потреба од социјални работници со високо образование, што и ги има најмногу на биро за вработување, но, исто така, сметководители, економисти, специјализирани од областа на ревизијата. Тие беа во конкуренција за оваа државна институција заради проблемите при објавувањето на огласот – објаснуваат во ресорното министерство.

Воедно, Станија се налути и рече луѓето да престанат да ја викаат старлета, бидејќи ако така почнала не значи дека така ќе заврши.

– Престанете да ме нарекувате старлета. Дали тоа е начин да ме навредите? Епа, јас не сум старлета. Јас сум академски граѓанин. Јас сум некој кој има завршено факултет. Тоа што започнав со тој правец во Србија не значи дека до крајот на животот ќе бидам старлета – вели Станија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top