По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера бил повикан на разговор амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија.
– На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија – се наведува во соопштението од МНР.
Воедно, се додава, било истакнато дека таквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме и дека тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика.
– Она што ни треба во регионот е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок. Затоа, апелиравме да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во регионот – стои во соопштението од македонското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст