| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ се случува ли на Србија платеничка револуција како во Македонија: Сорос ги извади ордите на улица

Видено сценарио, Србија не е изненадена – кога Сорос губи на избори, на улиците излегува армија протестирачи и со истите тактики како во Македонија по победата на ВМРО-ДПМНЕ или во САД по победата на Доналд Трамп се „бори против диктатурата“.

Српската опозиција подготвена го дочека својот пораз. Уште во предизборната кампања најавуваше и се закануваше со постизбирни протести и вадење одри на улиците  и секако тоа и се случи. Први на удар се големите градови, каде што се стационирани јадрата на Соросовата војска. Белград, Нови Сад, Ниш – првите армии протестирачи веќе го одработуваат својот леб.

136661_georgijev_f

Новинарот на Балканската истражувачка мрежа (БИРН), Слободан Георгиев, на „Твитер“ најави дека опозицијата планира немири доколку изгубат на претседателските избори кои се одржаа на 2 април.

136662_georgijev_f

„Србија ја чекаат оргромни протести по 2.4. Ако биде и 16.4. позитивни… Ако не биде многу негативни“, напиша Георгиев на „Твитер“.

135293_montaza-gotova_f

Пред него и други поддржувачи на српската опозиција повикуваа на насилство и хаос во Србија. Познатата џетсетерка Јелена Маќиќ се закануваше со „бесење по бандери“ и „куршум во чело“, а печајот Владо Георгиев повикуваше на линч на „непослушните“.

Ништо подобро не се поставија ниту финкционерите на Демократската партија Горан Јелиќ и Бранислав Кузмановиќ, кои повикувале на украинско, односно македонско сценарио.

Оттука и актуелниот премиер Александар Вучиќво финишот на кампањата го фокусира токму на „македонското сценарио“.

Спотот на Вучиќ за победа, во фокус „македонското сценарио“ (ВИДЕО)

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, по повод протестите во Белград и другите градови изјави дека Србија е демократска земја и дека секој има право да биде незадоволен од изборните резултати.

vucic

Оваа земја е демократска и секој има право да биде среќен или несреќен поради изборините резултати – одговори Вучиќ во Мостар на новинарско прашање како ги коментира протестите во Белград и во другите градови во Србија.

Вучиќ рекол дека „нема време“ за протести зашто треба да се „работи и да се биде уште повреден“.

Оној кој има време, нека протестира, и во ред е тоа сѐдодека е мирно… и се надевам дека нема да се види неодговорноста на некои политичари кои и претходно повикуваа на насилство. Сѐ додека некој се изразува дали е за или не, сѐ додека е тоа на викање… сосема е ОК – изјавил Вучиќ.

http://republika.mk/682032

Вучиќ додал дека владата финансиски ќе им помогне на здруженијата од Косово „да го поправат ѕидот на плачот кој им го урнаа“.

По победата на Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија, неколку илјади граѓани во Белград излегоа на протест.

srbija protesti vucic soros (19)

Протестот насловен „Протест против диктатурата“ започнал пред Собранието, а продолжил пред Владата. Учесниците во протестите се сомневаат дека изборите се чесни.

Се собравме пред Парламентот бидејќи изборите се одвиваа многу недемократски, особено во Белград – истакна еден од демонстрантите.

Демонстрантите извикувале „Вратете ни ја Србија“, „Арамии“ и „Ги украдовте изборите“.

srbija protesti vucic soros (11)

Стотина жители на Нови Сад во Србија, главно млади луѓе, денес околу 18 часот излегоа во самиот центар на градот под протест „Војводина е против диктатурата“.

srbija protesti vucic soros (12)

Нивната причина за израз на незадоволството, како што пишуваат српските медиуми е што многу малку луѓе излегле на вчерашното гласање на претседателските избори.

srbija protesti vucic soros (15)

Протестот бил организиран по социјалните мрежи со транспаренти „Стоп за кушување гласови“, „О(не)свести се“, „Сакам култура, а не диктатура“ и слично.

srbija protesti vucic soros (13)

Протести, исто така, се одржаа и во Белград и во Ниш, каде што пред српското Собрание биле фрлани јајца, шишиња и банани, како незадоволство против изборот на Александар Вучиќ за нов претседател на Србија.

Познато сценарио: Опозицијата во Србија ќе прогласи изборна кражба и нема да ги признае резултатите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top