| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај ’Ржаничино, загинаа две лица

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Скопје – Велес кај селото ’Ржаничино.

Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале автомобили „ауди А4“ и „ситроен саксо“, двете возила со скопски регистарски ознаки.

По ударот меѓу возилата, „аудито“ излетало од коловозот и удрило во оградата од двор на куќа. На местото животот го загубиле Ш.С. (54) и Б.С. (25), кои се во роднинска врска, додека во ГОБ „Св. Наум Охридски“ на преглед се јавил А.С. (21), но засега нема информации за карактерот на повредите.

Телата на загинатите се предадени на обдукција, а на местото на несреќата е извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top