| четврток, 6 декември 2018 |

Северина реши да мирува: Поради бременоста губи 300. 000 евра

Северина Којиќ во договор со сопругот Игор и докторите решила да паузира со работата и во потполност да се посвети на бременоста, па на сопствениците на дискотеките и клубовите на време им јавила да најдат адекватна замена.

Северина веќе е во минус од 300.000 евра поради бременоста, како што дознава Курир.

Пејачката која за шест месеци по втор пат ќе биде мајка, го послуша својот доктор, кој ја советуваше строго да мирува, па поради тоа таа ги откажа сите закажани концерти, но и приватни забави во странство.

-Штом дознам дека е бремена, веднаш ги откажа настапите во клубовите ширум Европа. Одбила и да се појави на приватни забави, кои се одлично платени – раскажава за Курир добро известен извор, кој трвди дека сопругот Игор Којиќ ја поддржува во одлуките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top