Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, не успеаа да го разубедат околу ставот за формирање техничка влада ни американски дипломати со кои се сретна денеска.
На средбата што Баша ја имаше со актуелениот амбасадор на САД во Тирана, Доналд Лу и неговиот претходник на оваа функција а сега заменик помошник американски секретар за прашања за меѓународната трговија со наркотици и спроведување на законот, Александер Арвизу, тој ги повтори обвинувањата адресирани до премиерот Еди Рама.
Тој исто така пред нив категоричен дека единствено решение на политичката криза опозицијата гледа во формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни и фер избори.
– Во создадните услови единствен пат да се обезбедат слободни и фер избори е формирање техничка влада, со јасен мандат веднаш да биде спроведен законот за лустрација, спречување на канабизирањето на земјата, борбата против дрогата и парите од дрога, како и организирање слободни и фер избори, изјави Баша на средбата со албанските високи функционери.
Американскиот висок фукционер, Александер Арвизу е во неколкудневна посета на Тирана, во чии рамки има интензивни средби со државни и партиски носители на високи функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст