Официјален Лондон ги смета како најважни прашања во преговорите со ЕУ за Брегзит обезбедувањето договор за слободна трговија и уредување на конечната сметка, што Британија ќе треба да ја плати за своето повлекување од Унијата, забележуваат британските медиуми.
Владата на Тереза Меј, која мора да ја спроведе целата оваа операција, од што се смета дека ке зависи нејзниот опстанок и останувањето на актуелниот премиер на функцијата, сака повлекување на Британија од единствениот пазар на ЕУ, но ќе бара нова царинска спогодба и договор за трговија.
За тоа ја има поддршката на „тврдите брегзитери“ и на антиевропската десница во редовите на ториевците, како и премолчената подршка на опозициските лабуристи, но останува нејасно, дали сите во владата и во владејачката партија, сакаат „тврд“ Брегзит, особено што на тоа се противат Шкотска и Северна Ирска.
Ваквата одлука на владата на Меј во Лондон се објаснува со досегашното одбивање на ЕУ, да и се доволи пристап на Британија на заедничкиот пазар и по излегувањето на Унијата, само доколку ги прифати европските основни принципи, за слободно движење на работната сила.
Тоа практично значи, слободно влегување на државјани на ЕУ на територијата на Британија, како и досега, што за антиевропската десница е „предавство„ на референдумот, што беше добиен, најмногу со плашењето на луѓето, пред се во Англија, дека Европејците ќе ја „преплават“ Британија.
Определбата за договор за слободна трговија со целата ЕУ, со целосно блокирање на мигрантите од Унијата и ја остава поддршката на антиевропејците за Меј, што и е важно за да остане премиер, но за тоа ке мора да се преговара, а позицијата на Герамнија и Франција е дека преговорите би можеле да почнат откако ке се постигне согласност за „сметката за разводот“.
Според британските медиуми, таа сметка во Европа се проценива на околу 50 милијарди фунти, што Лондон ја смета за „неприфатливо висока“ и затоа бара „разумен и фер износ„ што за Британците не би бил повисок од 15 милијарди.
Британија засега не успеав да добие поддршка за нејзината намера, за овие две прашања да се преговара паралелно, па се обиде на стартот, да испрати закана дека ако не се постигне договор, ќе страда безбедноста, односно Лондон нема повеќе да дели разузнавачки податоци со ЕУ.
Лондон претходно постави услов дека статусот на Европејците во Британија ке се решава онака како што ке биде решен статусот на Британицие во земјите на Унијата, па за непристрасните посматрачи и кај девете страни, остава впечаток дека претстојат „тврди, тешки и долги“ преговори.
Од Брисел веќе порачаа дека на секоја „уцена“ ќе следи контра одговор. Потоа уследи предупредување дека ако Британците сакаат да делуваат против европското единство, според системот раздели, па владеј, за да најдат сојузници во преговорите, тогаш ќе ги користат Шкотска и Северна Ирска, а деновиве се покажа дека како контра орудие, би можело да се употреби и статусот на Гибралтар.
На 29 април ЕУ ќе одржи Самит на кој ќе се договорат прашањата и приоритетите на Унијата во преговорите, кои би требало да почнат по вториот круг на француските избори, околу средината на мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст