Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на нивната денешна средба меѓу другото разговарале и за актуелната политичка состојба во Македонија.
– Мојот став останува непроменет – правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле – рече Иванов на прес-конференцијата по средбата со европретставникот.
-Прва точка треба да бидат европските реформи, а не спроведување постизборна платформа направена од друга држава. Оваа платформа ја загрозува државата. Потоа се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи на Македонија, се создаваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните. На Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи. Тоа е единствениот начин за излез од политичката криза – рече Иванов.
Според него, Европската унија е гарант на два договори, Охридскиот и Договорот од Пржино, а императив на политичките лидери во земјава треба да бидат реформските приоритети.
– Уценувана влада е нестабилна влада. На овој начин се нарушуваат добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија, со директно мешање во внатрешните работи на државата – додаде тој.
Тој рече дека на средбата со претседателот на Европскиот совет разговарале за мигрантска криза и му се заблагодари за помошта што ѝ ја дадоа на Македонија во справувањето.
– Македонија како и досега така и во иднина ќе дејстува за заштита на својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани, но истовремено, Македонија е чувар на портите на Европа и повеќе од 19 месеци врши контрола на преминот за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа. Мојата порака до ЕУ е јасна: Помогнете ни, за да ви помогнеме, помагајќи ѝ на Македонија си помагате себеси – рече Иванов.
Претседателот на Европскиот совет рече дека ја разбира потребата, во вакви времиња да се покаже лидерство, но, како што рече, пред сѐ е потребно да се покаже државничка улога.
-Овде дојдов со силна порака од лидерите и институциите на ЕУ. Посветеноста на вашата европска перспектива е недвослисмена. Работењето кон достигнуавње на членство во ЕУ и НАТО се покажуваше како фактор на единство, кое во овој момент е потребно, и треба да се избегнува се што може да ги подгрее тензиите, посебо етничките.
Конечно, претседателе Иванов, јас одговорив на вашто писмо од март околу изнаоѓање излез од тековната криза.На вас е да пронајдете решение кое ќе биде во рамки на демократските начела, пристојност и разум. Само таквото решение може да биде одржливо. Кога ќе го пронајдете може да сметате на нашата поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево