Шеќерот се наоѓа во речиси сите намирници, во овошјето, пијалоците, алкохолот, лебот.
И додека едни предупредуваат на опасноста од шеќерот, австралиските нутриционисти Алекс Паркер и Ана Дебенхам тврдат дека шеќерот сепак е важен дел од нашата исхрана.
– Се ни е потребно во умерени количества, па дури и солта и шеќерот – велат тие.
На пример, млекото содржи природен шеќер, кој во комбинација со калциумот е добар за нашиот организам.
– Млекото со помалку млечни масти има помалку шеќер и заситени масти, што повторно е одлично ако сакате да ослабете или не сакате вкус на полномасно млеко – велат нутриционистите.
Тие истакнуваат дека многу производи кои се диетални содржат шеќери во себе и дека тоа не значи дека се лоши.
– Луѓето мислат дека некои производи не содржат шеќер, дури и кога во декларацијата стои дека има мед, пченка, јачмен сируп… Овошјето исто така содржи природни шеќери – истакнуваат Паркер и Дебенхам.
Тие велат дека луѓето треба да јадат свежо овошје и храна подготвена дома и дека тогаш нема стравување од скриени шеќери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.