| четврток, 6 декември 2018 |

Светската криза оставила без работа 28 милиони лица

Загрижувачки податоци од Меѓународната организација на трудот без работа останале 28 милиони лица, а трендот на укинување на работни места ќе продолжи и во 2013

jobs_pic[1]Од почетокот на светската криза до денес без работа останеле 28 милиони лица. Овој податок го обајви Меѓународната организација на трудот- ИЛО споредувајќи ги бројките од крајот на 2007 година до денес.

Според анализите на ИЛО се нагласува дека последиците од светската криза ќе се чувствуваат и натаму и се очекува продолжување на негативниот тренд. Според проценките, во 2013 година ширум светот ќе бидат укинати уште 5,1 милион работни места.

– Се отвораат се помалку нови работни места и се продолжува траењето на невработените.
Загрижува состојбата со младите на возраст од 15 до 24 години, бидејќи речиси 75 милиони од нив не заработуваат за живот, а 25 милиони млади луѓе се невработени половина година, но и подолго- се наведува во анализата. ИЛО со критика до банките од кои се бара да кредитираат повеќе инвестиции во производството.

-Невработеноста на младите е сериозен проблем, бидејќи им се оневозможува да стекнат работно искуство. Без пракса им се намалуваат шансите за да најдат работа- се вели во анализата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top