Абдула Ибрахим Мухамад Мухтари, полицаец од Дубаи, е вистински пример за чесност и принципиелност во својата работа.
Имено, тој сам себе си напишал казна, откако со својот автомобил удрил во друго паркирано возило. Овој потег наиде на пофалби од сите страни, па полицаецот доби и признание, а потоа и унапредување.
На свеченото доделување на наградата, шефот на полицијата нагласи дека овој потег значително ја подобрува репутацијата на органите на јавниот ред, која и онака е на добар глас ширум светот.
– Абдула сам себе си напиша казна и стави копија од записникот на бришачот од оштетениот автомобил, потег од кој сопственикот пријатно се изненади, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст