Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, го обвини актуелениот премиер на Албаија, Еди Рама дека е поврзан со организираниот криминал и дека се плаши од слободни и фер избори.
– Светот на криминалот е единствена надеж за Еди Рама за да се спаси од судот на изборите. Рама се обидува да ја одбрани државата на криминал што тој ја создаде и со која владее овие четири години, рече Баша. во обраќањето од шаторите поставени пред албанската Владата, каде опозицијата протестира од 18 февруари.
Како што јави дописникот на МИА, изјавта на Баша следеше по пораката на Рама дека формирањето техничка влада, што го бара опозицијата, нема да се случи и оти парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 јуни, дури и ако на нив не учествуваат опозициските партии.
Баша посочи дека Владата на Рама единствено е во слжуба на криминалот, а ни најмалку во служба на граѓаните и нивната благосостојба.
Тој уште еднаш повтори дека услов за решавање на политичката криза во земјата е формирање техничка влада.
– Нашиот услов, за кој нема преговори, е слободни и фер избори, кои не може да бидат организирани од Влада и премиер, кои се поврзани со главата и со нозете на криминалот. На техничката влада ќе и бидат доволни само сто дена за да ги раскине сите врски на земјата со организираниот криминал, смета лидерот на албанските демократи.
Според Баша, Албанците не се поделени, туку се единствени како никогаш до сега и од ден на ден се „се повоинствени во барањето за слободни избори, што во исто време ќе значи и нивна слобода“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите
-
Уште еден круг-Еди Рама повторно истрча во патики!(видео)