Веќе 24 часа горат околу 500 хектари шума на Скопска Црна Гора. Пожарот сѐ уште не е локализиран поради непристапноста на теренот. Нема закани за локалното население, велат од скопската Противпожарна бригада. Пожарот е во близина на селата Булачани и Раштак, а ветерот го пренасочува и кон селото Матејче.
Со огнената стихија се соочуваат пожарникарите и локалното население. Се одржа и состанок на градските и на општинските власти со пожарникарите и со надлежните од Дирекцијата за заштита и за спасување.
Се претпоставува дека станува збор за човечки фактор и дека има намера во палењето на шумата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст