Жељко и Јована Јоксимовиќ наскоро по втор пат ќе се оставарат како родители, а убавата водителка веќе подолго време е на боледување.
Јована со недели не е на малите екрани и не ја води утринската програма на телевизија Пинк, а веста дека е трудна се прошири многу брзо. Иако веста прво ја соопштиле на пријателите и семејството, набрзо и пошироката јавност дозна дека тие чекаат бебе, а сега имаат уште поубава вест, дека Јована носи близнаци.
-Жељко бил пресреќен кога му соопштила дека е бремена, посебно кога дознале дека се во прашање близнаци. Отсекогаш сакал големо семејство – изјавил извор близок на семејството.
Јована би требало да се породи на есен и парот на големо расмислува за имиња на бебињата, а на нивното доаѓање на свет, најмногу им се радува Коста, кој на 10 април ќе наполни 3 години.
Инаку Жељко веќе има ќерка од првиот брак, 22 годишната Мина Јоксимовиќ, а со Јована е во брак од 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.