Првите резултати од претседателските избори во Србија, велат дека победник е Александар Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови, според агенцијата Ипсос.
-Можеме да кажеме дека Вучиќ е избран за претседател, изјави за агенцијата АФП Марко Уљаревиќ од агенцијата Ипсос.
По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто а Војислав Шешељ 4,5 отсто.
Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места.
Јас сум многу горд на фактот дека ние добиvme огромна доверба од граѓаните на Србија и oд 3.700.000 излезени гласачи за нас се околу 2.035.000 гласови, вели лидерот на СНС, Александар Вучиќ, на првиот говор по објавувањето на првите резултати од изборите.
-Освоивме над 2 милиони гласови – се обрати Александар Вучиќ, прв пат од новата претседателска функција. Тој се заблагодари на сите свои соработници и им честиташе на своите противници.
Рече дека е горд што Србите се однесувале цивилизирано и не направиле немири на денешните избори. Со вакви резултати не може да има немири – рече Вучиќ. Му честиташе на досегашниот претседател Томислав Николиќ за неговата напорна работа и рече дека луѓето сакаат да одат напред.
-Србија е јака, Србија е силна и ќе биде уште посилна, изјави Вучиќ и додаде дека граѓаните на Србија мора да веруваат во себе.
Тој истакна дека новата Влада ќе биде формирана во наредните два месеци.
-Владата која допрва треба да се формира ќе ја добие моата поддршка– рече Вучиќ. Тој додаде дека луѓето ќе го добијат покачувањето на пензиите и покачувањето на платите. Се пофали дека Србија во првите три месеци има 7 милиони суфицит во трезорот и ги повтори своите предизборни ветувања.
Едвај ги чекам резултатите од Косово – додаде Вучиќ, но и без тие гласови нашата победа е убедлива.
Вучиќ уште еднаш се заблагодари на сите кои му честитаа, меѓу кои и странските дипломати колегите од останатите држави. Тој кажа дека неговите претседателски потези ќе бидат во насока на стабилизација и мир во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


