| четврток, 6 декември 2018 |

Некогашното ферари на Трамп продадено за 270.000 долари

Црвеното „ферари“ што некогаш му припаѓало на американскиот претседател Доналд Трамп, е продадено во саботата за 270.000 американски долари, објави аукциската куќа Auctions America.

-Таквите модели, кои им припаѓале на ‘обичните луѓе’, постигаат цена од 125 до 175 илјади долари, во зависност од километражата, состојбата и дополнителната опрема, рече Еми Кристи, портпарол на Auctions America.

Идентитетот на купувачот не е објавен.

Љубителите на автомобили и приврзаници на Трамп се воодушевуваа на „ферари 430 купе“, изложено во конгресниот центар Fort Lauderdale, 50 километри северно од Мајами, за кое се очекуваше да достигне цена од 350.000 долари.

Трговец со недвижнини го купил за лични потреби и го возел нешто повеќе од четири години, при што поминал околу 4000 километри. Останатите 6000 ги направил вториот и сегашен сопственик кој го купил во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top