Во експлозија на плинска боца загинаа две лица, а четири се повредени. Настанот се случи на улицата Милано Благојевиќ во Ниш во Србија. Во страшната експлозија загинаa брат и сестра на возраст од 18 години.
На терен излегоа пожарникари и полиција, кои се уште трагаат под урнатините во куќата.
Прв на помош дошол Дејан Тоциќ.
– На улица лежеше маж и слушнав крик од куќата. Викнав: Дали има деца – и, ми кажа дека има. Тогаш импулсивно влетав таму за да им помогнам. Сцената беше ужасна. Наидов на едно момче кое беше заглавено под бетонска плоча, а веднаш до него имаше и девојка. Не покажуваа знаци на живот. Целиот прв кат се урнал врз нив. Не можев да ги извлечам, изјави за српски „Блиц” Toциќ.
Се уште не е познато колку луѓе биле во куќата кога се случила експлозијата. Жртвите се близнаци.
Според неофицијални информации експлозијата се случила на приземјето на куќата, а причината е расипана плинска боца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст