Рускиот поет Евгениј Евтушенко, кој беше литературна ѕвезда од времето на Советскиот Сојуз, почина вечра во САД во 84-та година од животот.
Според руските медиуми, Евтушенко починал од болест на срцето. Неговата сопруга Марија Новикова изјави дека поетот починал мирно и опкружен со своите најблиски.
Тој е последниот од генерацијата прославени поети од советското време, кои се појавија во поранешниот Советски Сојуз во 60-те години на 20 век.
Најпознато дело на Евтушенко е епската поема „Баба Јар“, посветена на едно од најголемите нацистички злосторства во текот на Втората светска војна, во кое беа ликвидирани десетици илјади Евреи и други затвореници во украинскиот главен град Киев.
Поемата е значајна и затоа што со нејзиното појавувње се прекина една табу тема за антисемитизмот во СССР.
Првото негово дело се појави уште во 1952 година, по што беше избран за најмладиот член на Сојузот на советските писатели.
Евгениј Евтушенко има објавено над 150 поетски збирки, а во 1963 година беше номиниран и за Нобеловата награда за литература.
Во средината на 90-те години на 20 век се пресели во САД, каде предаваше литераура на Универзитетот во Тулса во сојузната држава Оклахома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст