| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Србија и Хрватска да ги ресетираат односите

Српскиот премиер Ивица Дачиќ е подготвен на средба со хрватскиот колега Зоран Миловановиќ за да се ресетираат односите меѓу двете земји

Србија и Хрватска би требале да ги обноват меѓусебните односи, смета претседателот на српската влада Ивица Дачиќ.

– Не е добро да постојат две соседни земји чија политичка комуникација не е на највисоко ниво. Затоа мислам дека е важно сега да се ресетираат тие односи и да се почне одново, рекол Дачиќ во интервју за агенцијата Бета.

Дачиќ смета дека со процесот на одмрзнување на односите меѓу двете земји би се заокружила атмосферата на добра регионална соработка.

– Србија сака да биде промотор на добра соработкаи односи со сите држави во нашето опкружување. Мораме да бидеме свесни дека не можеме околу се да согласуваме, но мораме да бараме точки кои ќе не влечат напред, рекол српскиот премиер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top