Доколку сакате де се мешате во нечии избори, руското Министерство за надворешни работи ќе ви помогне во тоа.
Вака гласи пораката што на својот профил на Фејсбук ја објави руското Министерство за надворешни работи, како шега по повод 1 април, пропратена со аудиозапис од наводна телефонска секретарка во дипломатските преставништва на Русија.
– За да добиете порака на руски дипломат до вашиот политички противник, притиснете 1. За да ги искористите услугите на руски хакери, притиснете 2. За мешање во избори, притиснете 3, гласи пораката која е објавена на руски и на англиски јазик.
Претставник на Министерството, кој побарал анонимност, во изјава за руските медиуми нагласи дека оваа порака е „официјална шега“.
Оваа првоаприлска шега уследи откако во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин категорично ги отфрли обвинувањата дека Москва се мешела во ланските претседателски избори во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.