Според Централната банка на Албанија директните странски ивестиции во текот на минатата година достигнале околу милијарда евра, забележувајќи историски рекорд.
Во годишниот извештај за 2016 година на Централната банка, странските компании во албанската економија инвестирале 983 милиони евра или 10,5 отсто повеќе споредено со претходната година.
„Албанската економија доби два големи проекта во областа на енергетката, поточно Трансјадранскиот гасовод и каскадата на реката Девол, кои се во тек на реализација. Само во последното тримесечие инвестициите во секторот енергетика и гас беа 166,5 милиони евра, додека во вкупен износ во текот на годината влегле околу 370 милиони евра“, се навеудва во извештајот на банката.
По енергијата, на второ место е индустријата на ископ, сектор што привлече многу странски ивестиции. Според податоци на банката, само во четвртото тримесечие странците инвестирале 55 милиони евра во овој сектор. Поконкретно станува збор за секторот нафта, поточно областа Патос-Маринез, како и истражувањата во Шпираг.
„За разлика од она што се случи во другите земји од регионот, во Албанија странските инвестиции забележаа позитивен тек, независно од кризата“,констатира тиранската телевизија Топ чанел.
Во моментнов странските инвестиции изнесуваат 10 отсто од БДП и даваат голе придонес во зголемување на вработеноста во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија